петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Култура

СЕЌАВАЊЕ: Една година од смртта на реномираниот актер Луран Ахмети

СЕЌАВАЊЕ: Една година од смртта на реномираниот актер Луран Ахмети

Денеска се одбележува една година од смртта на реномираниот македонски актер Луран Ахмети кој почина на 46 годишна возраст.

Луран Ахмети освен работењето во домашните театри, пред сè Албанскиот театар во Скопје, изгради и завидна меѓународна филмска кариера.

Тој беше дел од многу театарски претстави, играни и кратки филмови, а последните години беше дел од најгледаните турски серии. Ја играше улогата на пашата Хусрев во хит серијата „Величенствениот“, а улоги имаше и во „Долина на волците“, „Збогум Румелија“ и бројни останати ТВ-серии.

Во неговата кариера ги запиша и улогите во филмовите „Бал-кан-кан“, „Taken 2“ и „Limonata“.