сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Со концерт на оркестарот на НОБ ќе биде отворено „Скопско лето“

Со концерт на оркестарот на НОБ ќе биде отворено „Скопско лето“

Со концерт на оркестарот на Национална опера и балет насловен „Од оркестарот за публиката“ – Опера без зборови, вечер во 21 часот ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето 2021“.

Концертот опфаќа дела од П.Маскањи, М. Мусоргски, Џ.Пучини, П.И.Чајковски– Р.Леонкавало, Ш.Гуно, В.Белини и Џ.Верди. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.

Од НОБ информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во ограничен број, посочуваат од Национална опера и балет.