петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Три фестивалски награди за Драмски театар

Три фестивалски награди за Драмски театар

Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Кармен ја доби наградата за најдобра актерка на фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Р.Албанија.

Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобра режија на монодрамата “Кармен” која воедно е
прогласена и за најдобра претстава на Фестивалот.

На 15-то издание на фестивалот „Македонско културно лето“ што се одржа од 1 до 5 јули пред
многубројна публика од целиот регион на Пустец настапија неколку македонски професионални театри и хорот Св.Злата Мегленска.