вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Култура

Трибина „Македонските книжевни списанија пред новите предизвици“ во Градската библиотека во Скопје

Трибина „Македонските книжевни списанија пред новите предизвици“ во Градската библиотека во Скопје

Во сабота (15 октомври) со почеток во 11 часот во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, ќе се одржи трибината „Македонските книжевни списанија пред новите предизвици“.

Целта на трибината е да отвори дел од прашањата со кои се соочуваат актуелните специјализирани списанија: вреднувањето на авторскиот труд, изнаоѓање модели на одржливост, дистрибуција, достапност до публиката, преводните текстови и нивна промоција, третманот на актуелните книжевни настани, продолжувањето на традицијата и следењето на современите текови, дигитализиарањето и е-изданијата.

Средбата ќе започне со посета на Одделот за периодика, каде, меѓу другото, се чуваат и првите броеви од сите списанија од Македонија. Така, уредниците од сегашните редакции ќе можат да се потсетат на работата на нивните претходници, а во одредни случаи и на традицијата долга и неколку децении.

На трибината ќе учествуваат: Стефан Марковски („Современост“), Славчо Ковилоски („Стожер“), Ана Витанова Рингачева и Сузана Мицева  („Зенит“), Даниела Андоновска Трајковска („Раст“ и „Современи дијалози“), Сашо Огненовски („Книжевни елементи“), Јордан Коцевски и Марина Шокева („Е-Лит“). Уредниците ќе ги поздрави директорката на библиотеката, Снежана Стојчевска.

По претставувањето на секое од списанијата, следува дебата која ќе ја модерира: Виолета Танчева Златева.

Трибината се организира во соработка со ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија. (МИА)