По повод 80 години од издавањето на стихозбирката „Бели Мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин, денеска во Центар за дизајн и иновации Јавна соба, ќе биде одржана јавна трибина на тема „Возможен ли е Рацин денес?“.
На трибината излагања ќе имаат македонските филозофи, професори, поети/поетеси и колумнисти, Љубомир Цуцуловски, Мимоза Рајл, Давче Насев, Елена Пренџова и Стефан Марковски. Наратор на трибината ќе биде поетот Филип Клетников.