среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Убава вест:„Македонскиот Дон Кихот“ отпатува за Брисел – документарниот филм е дел од фестивалот „Балкан трафик“

Убава вест:„Македонскиот Дон Кихот“ отпатува за Брисел – документарниот филм е дел од фестивалот „Балкан трафик“

Документарниот филм „Македонскиот Дон Кихот“ во режија на Константин Плевнеш е дел од официјалната програма на годинешното издание на фестивалот „Балкан трафик”, кој ќе се одржува од денеска до 24 април во Брисел.

Филмот е во продукција на ЕФА, а со поддршка на Агенцијата за филм. Посветен е на еден од најголемите македонски сликари, Владимир Георгиевски (1942-2017).

На годинешното издание на фестивалот „Балкан трафик”, филмот ќе се најде во придружба на значајни имиња од балканскиот културен простор во претсолнината на Европа.

Во програмата се наоѓа и Ибрахим Малуф, Теодосиј Спасов, Неле Карајлиќ, Васил Хаџиманов, а посебен акцент е ставен на презентацијата на Нови Сад како „Град на културата на Европа за 2021 година”.(МИА)