петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Уникатен настан: Поетско – џез кабаре „Нека остане меѓу нас“

Уникатен настан: Поетско – џез кабаре „Нека остане меѓу нас“

Во рамките на проектот „Art for public speech“, поддржан од Европскиот фонд за Балканот (European Fund for the Balkans), а со логистичка поддршка на Српскиот културно информативен центар – СПОНА од Скопје, во Кинотеката на Северна Македонија ќе се одржи уникатен настан: Поетско – џез кабаре со наслов „Нека остане меѓу нас“.

Настанот е закажан за утре, 13ти октомври (петок), со почеток во 20 часот, а влезот е бесплатен. Скопје е првата станица на регионалната турнеја на поетското – џез кабаре „Нека остане меѓу нас“, во чии рамки составот од Бања Лука ден потоа (сабота, 14ти октомври) ќе гостува и во Белград, а наредниот месец ќе настапи во Сараево.

Поетското – џез кабаре е правец кој претставува уникатна синергија на поезијата и музиката. Станува збор за инклузивен уметнички настан, кој овозможува реална слобода на изразување. Музиката, како и поезијата која бендот ја изведува на сцената се целосно авторски и истите содржат елементи на stand-up формат.

Својата премиера кабарето ја има во 2015та година во Народиот театар на Република Српска, по што следат настапи низ регионот, во Белградскиот драмски театар, Нишката филхармонија, Театарот за млади во Сараево, како и настап на гала концертот во Стразбур, по повод претседателството на Босна и Херцеговона со Советот на Европа.

Овој состав има издадено еден студиски албум за Радио Телевизија на Република Српска. Вториот албум се очекува до крајот на оваа година на кој ќе се најде и перформансот кој ќе биде утре во Скопје, во Кинотека на Северна Македонија. Ова кабаре настанува како копродукција на Центарот за креативна работа и Градскиот театар во Бања Лука и истото се наоѓа на редовиот репертоар на театарот во Бања Лука.