вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Уште еден расказ на Томислав Османли објавен во грчката ревија за култура „Енекен“

Уште еден расказ на Томислав Османли објавен во грчката ревија за култура „Енекен“

Во најновиот број на угледната ревија „Енекен“,  грчкото списание за култура и општетвени прашања кое се публикува во Солун, е објавена прозна творба на нашиот автор Томислав Османли. Станува збор за расказот „Лето, песок во косите“, инаку петта по ред книжевна  содржина од македонскиот автор, која ја објавува солунското списание.

Расказот е летната повест, дел од циклусот од вкупно седум лирични прози насловен „Четири годишни времиња“, за прв пат објавен во прозната збирка „Приказни од Скопје“ што, во издание на скопска „Култура“, се појави во популарната едиција „Најчитаните“, во 2005 и одново во 2010 година.

Ревијата за култура „Енекен“ која се појавува сезонски, во новиот бр.55 за Јануари-Јуни 2022 година кој се појави деновиве, донесува голем број прозни, поетски текстови и книжевни осврти, како и студии, анализи текстови на општествени теми. Во него, покрај македонскиот, се застапени и автори од Грција, Русија, Кина, Франција и други култури.