Музичарите од оркестарот на Македонската филхармонија и на синоќешниот концерт “Младите доаѓаат” носеа црвени ленти во форма на музички снижувалки поради штетната одлука која ја донесе Министерството за култура.
– Нашиот протест продолжува се до конечната промена на оваа одлука. Ви благодариме на разбирањето и поддршката – истакна концерт мајсторот Владимир Костов, пред почетокот на концертот.
Во средата, вработените во Македонската филхармонија протесираа и пред Министерството за култура. И дадоа црвен картон на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, која, се уште не го реши проблемот со просторното сместување на втора институција во концертната сала на Филхармонија.
Наместо грижа и конструктивност при решавање на проблемот, нашата институција е „нападната“ од инспекции и има блокирана сметка.
Оркестарот на Македонската филхармонија утре заминува за Ниш, каде што в недела ќе настапи во рамки на фестивалот “Музички едикт”.