Во Музеј галерија Кавадарци денеска беше отворена изложбата „50 години Рацинови средби“. Беше кажано дека настанот е плод на соработка со Народен музеј Велес, со цел заштита на културното наследство.
Директорот на кавадаречкиот музеј Томе Крстевски појасни дека на изложбата се поставени 23 паноа, преку кои е претставена целокупната активност на манифестацијата посветена на поетот Кочо Рацин.
За концептот на изложбата говореше кураторот, кустос историчар на уметноста, Билјана Галабова. Таа потсети дека творештвото на Рацин опфаќа поезија, проза, историски и филозофски списи, литературна критика.
Пред присутните се обрати и директорот на музејот во Велес Марин Клифов, осврнувајќи се на долгогодишната манифестација во чест на Рацин.
Стихови од поетот, изрецитира новинарката Мирјана Мукаетова.