На големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа премиерно беше изведена претставата „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски авторот на текст, режисер и концепт за аудиовизуелен дизајн.
Во претставата настапија актерите: Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Талија Настова, Жарко Спасовски, Марија Стефановска, Фаик Мефаиловски и Маја Љутков.
– „Кралските копилиња“ е претстава за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор, појасни авторот Сашо Димоски.
Инаку пред изведба на претставата беа прочитани Меѓународната и македонската порака за Светскиот ден на театарот.