среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Врачување на годишните награди на Друштвото на писателите

Врачување на годишните награди на Друштвото на писателите

Во Друштвото на писателите денеска напладне ќе бидат врачени наградите за проза, поезија, есеј и за литература за деца за 2019 година и воедно ќе биде одбележана 73-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.

Јован Стрезовски е добитник на наградата за проза „Стале Попов“ за книгата „Чувар на тајни“, на Панде Манојлов  му е доделена наградата за поезија „Ацо Шопов“ за поетската книга „Јужни реки“, Катица Ќулавкова за книгата „Поредокот на слободата: интерпретативен синкретизам“ е добитник на наградата „Димитар Митрев“ за критика и есеј и Зоран Пејковски за книгата „Мали детски разговори“ е годинашен добитник на наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.

На свеченоста во ДПМ жири-комисиите ќе ги изложат образложенијата за своите одлуки и ќе бидат претставени книгите и нивните автори.

На конкурсот на ДПМ распишан во декември за најдобри книжевни остварувања во 2019-та пристигнале 57 наслови.

Оваа година нема да биде доделена петтата годишна награда – „Книжевен мост“ за книга објавена на некој од јазиците на националностите, затоа што, според жирито, пристигнатите книги во оваа категорија не ги исполнуваат жанровските и естетските критериуми.