сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Зеќирја Незири добитник на државната награда „22 Ноември“

Зеќирја Незири добитник на државната награда „22 Ноември“

Албанологот проф. д-р Зеќирја Незири е годинашен добитник на државната награда „22 Ноември“.

Оваа награда се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот.

Како што соопштија од Одборот, наградата ќе му биде врачена на добитникот на 22 ноември оваа година во Собранието на Република Северна Македонија.