Во Националната опера и балет вечерва ќе се изведе новата балетска продукција на романтичниот балет во два чина „Жизел“ од Адолф Адам.
-Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска, Пасариќ е хрватска примабалерина со богата домашна и меѓународна кариера, како и поранешен директор на Балетот на Хрватско народно казалиште (ХНК) во Загреб, велат од Националната опера и балет.
Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.
Во насловната улога ќе настапи првенката Мими Поп Алексова Атанасовска , Алберт: Бобан Ковачевски, Хиларион: Игор Веланоски, Мирта: Ивана Коцевска, Па де де: Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија).
Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.