Најголемиот музички културен спектакл Златна бубамара на популарноста се враќа во живо(т) на големата сцена во Арената „Борис Трајковски“.
На големо задоволство на љубителите на добра музика, искрено смеење и незаборавна емоција Јубилејната 25. Златна бубамара ќе се одржи на 12 мај .
Традиционално и оваа година на сцената ќе се појават најголемите музички имиња од Македонија и регионот, наградите и сценариото како и секогаш се чуваат во најголема тајност, а според организаторот ќе бидат вистински мелем за душа.
Мото на овогодишнато јубилејно издание е „Да оживееме“ со сите негови модификации од “Да живнеме малку“ до „Живот после животот“ и “Живот за време на живот”, со што Златна Буба мара на популарноста во овој пролетен термин ќе не потсети на радоста на живеењето.
Информација околу продажбата на билети ќе биде соопштена во текот на наредната недела.