петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Кошаркарите на Куманово го совладаа тимот на ТФТ со 90:83 во македонскиот дуел од 1. коло од Балканскиот сегмент на БИБЛ-лигата.

Натпреварот се одигра вчеравечер во Куманово без присуство на гледачи и беше еден вид увертира за македонското првенство кое треба да почне следниот викенд.

Победникот се наѕираше уште по првото полувреме кое домаќините го добија со 50:38. Сепак гостите од Скопје во последната четвртина стигнаа до изедначување, но немаа сили за целосен пресврт.

Дамјан Робев со 15 поени беше најефикасен во победничкиот тим, кај ТФТ се истакнаа Андерсон со 20 и Харис со 17 поени. (МИА)