Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ѓоко Зајков кој е член на укранска Ворскла е безбеден по руската инвазија на Украина.
Стоперот овој јануари ја засили Ворскла по заминувањето од Софија, а во изјава за ФФМ, потврди дека е на безбедно и дека со организиран транспорот наскоро ќе ја напушти Украина.
-Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците, кои сме тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам, изјави Зајков за ФФМ.