среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Мицкоски: Тие сакаат да има конфликти, ние им кажуваме дека сме тука да ја браниме нашата слобода и правдата

Мицкоски: Тие сакаат да има конфликти, ние им кажуваме дека сме тука да ја браниме нашата слобода и правдата

Се борам за шанса за чесниот народ наспроти бандитите кои владеат со градот. Се борам за шанса во која општините вистински ќе се развиваат и ќе има вистински повеќе за секој еден од вас. Да се радуваме со проекти кои ќе значат решенија за обичниот човек, нови улици, училишта, спортски сали, канализации водоводи, повеќе економска сигурност за сите, порача Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот од Велес.

Мицкоски посочи дека додека тие сакаат конфликти, a ВМРО-ДПМНЕ се бори за слободата и правдата.

Тие сакаат да има конфликти, ние им кажуваме дека сме тука да ја браниме нашата слобода и да ја браниме правдата и да менуваме. Само така ја чуваме слободата и огнот наследен од нашите татковци, потенцираше тој.

Тие мислат дека имаат гласови во џеб, така се однесуваат и кон Македонците и кон Албанците, кон кои гледаат само како гласачки ливчиња и кон Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците чии гласови мислат дека природно им следат и дека се на некакво копче. Тоа е филм со несреќен крај. Одговорот на таквиот потценувачки однос е револтот кој ќе има ефект само ако излезете и гласате за промени, порача Мицкоски.