Да се потсетиме на она што се случуваше во изминатите 4 години. Ветуваа 500-600 километри автопат, ветуваа ќе го донеселе Гугл, фејсбук, Икеа, а последни сме и по домашни и по странски инвестиции, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во скопска Кисела Вода.
Мицкоски посочи дека им нема рамен на овие од власта во корупција и криминал и оти тоа е лошо за сите граѓани, оти ќе нема развој, инвестиции. Спомена дека сме најлоши и во справување со ковид пандемијата бидејќи наместо да работат за граѓаните, трчаа по провизии.
„Ветуваа европска иднина, европска Македонија. Три години стои онаа слика врамена како четворицата во владиното авионче со кренат палец не лажат сите нас дека ги почнале преговорите со Брисел. Продадоа се што можеа да продадат, понижија се што можеа да понижат. Ветуваа европско образование за младите, а денес нема ни еден универзитет во првите две илјади. Ветуваа европско здравство, а дообивме смртност како во слабо развиените африкански држави“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека суштината е да кажеме дека со лажење далеку не се стигнува.
„Ама затоа на 17 октомври заедно ќе ги поразиме, ќе им дојде крајот“, кажа Мицкоски.