Без ниту еден аргумент, Обвинителството определи мерка притвор за екс министерот за транспорт Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски во случајот „Титаник“, вели нивниот адвокат Еленко Миланов во „Отворено“ на Алфа.
Не постоеше ниту еден момент со кој би се потврдило дека од сите други мерки кои се определени истите не биле почитувани од Јанакиески и Божиновски.
Миланов вели, со мерките за претпазливост кои им беа определени, одземање на патната исправа и редовно јавување на закажаните рочишта, нивното присуство беше обезбедено во последните 16 месеци без ниту едно отсуство. Јанакиески, вели неговиот адвокат, секојдневно е во судовите на различни судења.
Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заедно со поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски беа експресно притворени по неполни 24 часа, откако, поранешниот премиер Никола Груевски информираше дека ја напуштил државата и се наоѓа во Будимпешта.