недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Мисајловски: Луѓето се надеваат на подобри времиња и на инвестиции од страна на наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски: Луѓето се надеваат на подобри времиња и на инвестиции од страна на наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Утринава заедно со кандидатот за пратеник во ИЕ2 Бојан Стојаноски ја посетивме печатницата “Флексопринт”. Се сретнавме со луѓето кои работат во печатницата и поразговаравме за економската клима во Република Македонија, како и за последиците од кризата која ја зафати државата. Велат дека кризата се почувствувала во работењето на печатницата, но дека мора да се продолжи напред и да се работи. Се надеваат на подобри времиња и на инвестиции од страна на наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во делот на приватниот сектор и македонската економија. Ние им посочивме одредени проекти и мерки кои се однесуваат на приватниот сектор и ги уверивме во намерата да ги реализираме со цел подобрување на економската ситуација, објави на својата Фејсбук страница носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски.

Македонската економија мора да застане на нозе, а со тоа да се отворат многу нови работни места во приватниот сектор.

Им посакав добро здравје и успешна работа, а тие ни упатија јасна поддршка во борбата за #ОбноваНаМакедонија.

Обновата доаѓа!, пишува Мисајловски во својата објава.