вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Македонија

Мицкоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ планира огромни инвестиции во Свети Николе, Владата ќе е партнер на граѓаните, а не како оваа што е непријател на светиниколчани

Мицкоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ планира огромни инвестиции во Свети Николе, Владата ќе е партнер на граѓаните, а не како оваа што е непријател на светиниколчани

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ планира огромни инвестиции во Свети Николе, Владата ќе е партнер на граѓаните, а не како оваа што е непријател на светиниколчани, изјави денеска при посетата на општина Свети Николе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во продолжение интегрален текст и видео од изјават на Мицкоски:

Почитувани,

Добар ден и од мене, денеска на покана на Дејан, градоначалникот на општина Свети Николе сум овде во општина Свети Николе. И ја користам оваа прилика на сите граѓани во општина Свети Николе да им го честитам овој ден, денот кога е извојувана победа и кога е ослободен градот Свети Николе од бугарскиот фашистички окупатор. Ден кој што многу значи во меморијата на светиниколчани и ден кој што навистина свечено се одбележува овдека, така беше и онаа свечена академија на која што имав можност да присуствувам.

Во текот на денот заедно градоначалникот, со луѓето кои што се дел од општинската администрација, со пратеникот во Парламентот ќе посетиме неколку објекти кои што се завршени или се во тек на реализација. Проекти кои што се дел од програмата, а која што беше презентирана пред светиниколчани за време на изборите во 2021 година.

И навистина можам да кажам дека и покрај сите опструкции, покрај целиот оној притисок кој што Општина Свети Николе го почувствува од страна на Владата на ДУИ и СДСМ, или СДСМ и ДУИ, како ви е полесно.

Сепак заедно со дел од советниците, администрацијата, се разбира тука е и огромно залагањето и на пратеникот Ласовска во рамките на Парламентот да обезбеди амандман повеќе, да обезбеди средства повеќе кои што би инвестирале овдека во Свети Николе, и на тој начин да се реализираат што е можно повеќе за жителите на Свети Николе. Но, за жал имаме работа со Влада таква каква што имаме, која што ги казнува сопствените граѓани. Зошто? Затоа што на изборите во 2021 година не ја поддржале оваа криминална политичка гарнитура на ДУИ и СДСМ, туку гласале за Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и гласале за мнозинство во Советот, гласале за градоначалник овдека во Свети Николе.

Но, добрата вест е секаде онаму каде што одам низ Македонија ја кажувам, а добрата вест е дека за неколку месеци од денеска оваа Влада ќе биде минато. Следната Влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. А, со следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме реализација на многу проекти насекаде во Македонија. Не само онаму каде што имаме општини со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, туку и од останатите политички без разлика дали се тоа од СДСМ, дали е тоа од ДУИ, дали е тоа од Алијанса на Албанците, БЕСА или пак се независни. Затоа што Македонија е на сите граѓани и без разлика на тоа дали имате или немате поддршка во определени општини, мислам дека обврска на секоја Влада т.е. да бидам попрецизен сигурен сум дека обврска на секоја Влада е да инвестира во секое место, на секоја педа од државата затоа што тоа е Влада на сите граѓани и така треба да се однесува, а не како оваа Влада која што пред се гледа за сопствените интереси односно некој тендер повеќе сега на заминување да распише, некоја провизија повеќе да заврши во нивните џебови. И нормално да ги искористат овие уште неколку месеци да ги казнуваат граѓаните кои што живеат во општините каде што имаме градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Така што уште еднашка нека е честит празникот на Свети Николе, уште многу проекти да бидат реализирани од градоначалникот, од администрацијата која што навистина секојдневно и макотрпно работи за да обезбеди проект повеќе, да продолжи да се залага пратеникот во Парламентот, дополнително да обезбедиме некој амандман повеќе со што би обезбедиле средства повеќе овдека овде во Свети Николе. А, ние сме сите тука да сето ова го поддржиме тогаш кога ќе бидеме поканети.

А, како идна Влада се разбира дека планираме огромни инвестиции овдека овде во Свети Николе. И да можат светиниколчани да почувствуваат што значи кога Владата е партнер на граѓаните, а не како оваа Влада денеска која што е непријател на светиниколчани.