понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Мицкоски: Општина Аеродром на место каде што требаше да никне станбен објект денес ќе гради парк, повеќе игралишта за децата, тие се нашата иднина

Мицкоски: Општина Аеродром на место каде што требаше да никне станбен објект денес ќе гради парк, повеќе игралишта за децата, тие се нашата иднина

Задоволство е да се присуствува на вакви проекти каде што ќе може како што кажа еден од претставниците од општествено одговорните компании децата наместо на улиците и паркинзите да може да другаруваат и да уживаат во овие нови паркови како што се градат овдека во општина Аеродром. Но, не само во општина Аеродром туку насекаде низ Македонија, онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ има свои градоначалници, изјави денеска при посетата на општина Аеродром лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Ќе ми дозволите да му честитам на градоначалникот Тимчо, да му честитам и на претседателот на Советот Дејан, на советниците, на администрацијата овдека во Општина Аеродром што навистина и покрај тешките услови за работа успева да се справи со предизвиците и да ги реализира проектите кои што се дел од ветувањата превземени за време на кампањата во 2021 година. Мораме да признаеме иако тоа тие можеби нема да ви го кажат, но изминативе повеќе од година и половина откако еве имаме градоначалник како ВМРО-ДПМНЕ овдека, откако е Тимчо градоначалник во општина Аеродром, неколку маркици се избришани, односно површини каде што беа предвидени станбени објекти се избришани, и на местото на тие се предвидени нови паркови. Тоа што значи во пракса? Тоа значи дека Општината има намалени приходи бидејќи граѓаните во општина Аеродром им е преку глава од преголемата бетонизација и урбанизација, сакаат повеќе зеленило, сакаат повеќе паркови. Но, тоа значи и помали приходи за Општината, и тоа значи дополнителна енергија што треба да се вложи за да се реализира сето она кое што претходно беше ветувано за време на кампањата.

И токму поради тие причини Општина Аеродром одлучи да го отпочне процесот и да го заврши на издавање на општинска обврзница. Еден процес во кој што ќе се обезбедат дополнителни средства за реализација на проектите кои што беа дел од програмата за време на локалните избори во 2021 година. А, притоа да не се продолжи со бетонизација, да не се продолжи со урбанизација, да се продолжи со изградба на паркови и зелени површини каде што најмладите ќе можат да уживаат и да другаруваат.

Но, за жал и покрај тоа што се поминати сите процедури и во министерството за финансии, и во Комисијата за хартии од вредност, и Македонската берза, и Советот овдека, гледаме дека од Владата има игнорантски однос има една одбивност, има еден завист. Зошто? Затоа што општините каде што имаме градоначалници, и администрација, и советници кои што се амбициозни, а се дел од ВМРО-ДПМНЕ и сакаат да одат напред и да реализираат проекти. Тоа е погрешна политика да ги казнувате граѓаните само за тоа што не сте компетентни, затоа што сте длабоко вовлечени во криминал и корупција, и да не дозволувате во општините каде што позицијата, каде што ВМРО-ДПМНЕ ја управува администрацијата и има свој градоначалник, прво не е човечки, а второ е антимакедонски. Затоа што на тој начин Македонија не дозволувате да се развива како држава.

Јас навистина апелирам до Владата на ДУИ поддржана од СДСМ да се одважи, да излезе овој пат и да ја поддржи обврзницата која што ќе дојде на дневен ред на владина седница од Општина Аеродром за да може жителите во Аеродром да обезбедат за своите најмили дополнителни објекти како што се детските градинки, реновирани училишта и нови училишта, да може да навистина добијат она што го заслужуваат нашите најмлади, а тоа е пристојно образование и едукација.

И покрај тоа што ги кочат, и ако мислат дека на тој начин ќе се намали поддршката за Општината, се лажат. Тие на локалните избори изгубија повеќе од 2:1, на следните парламентарни избори тој однос ќе биде многу поголем, можеби 3:1 е биде. Затоа што навистина веќе не збориме за намален рејтинг на СДСМ и Владата, туку зборуваме за немање воопшто рејтинг на СДСМ посебно помалиот коалиционен партнер на владејачката ДУИ.

Ги очекувам затоа овој пат да се одважат во името на граѓаните, да ја поддржат оваа обврзница за да можат да бидат реализирани тие проекти.

Уште еднашка ќе ми дозволите на крај да честитам и на градоначалникот еве, и на претседателот на Советот, на советниците, на администрацијата за напорот кој што го вложуваат во овие тешки времиња да испорачаат тоа кое што било ветено пред аеродромци овдека, рече Мицкоски.