среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Мицкоски се сретна со охридските пензионери: Пензионерите заслужуваат огромно внимание и тоа ќе го добијат

Мицкоски се сретна со охридските пензионери: Пензионерите заслужуваат огромно внимание и тоа ќе го добијат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамките на активнооста “Важно е! Од тебе зависат промените” оствари средба со охридските пензионери.

-Денес во рамките на посетите “Важно е! Од тебе зависат промените” се сретнав со охридските пензионери. Отворен и искрен разговор за сите теми кои ги засегаат овие луѓе. Ниските пензии, тешкиот живот, уставните измени и бугарскиот диктат кој не го прифаќаме, за законот за амнестија. Им кажав дека сето ова ќе го промениме. Ќе воведеме нов модел за пензии, кои мора да бидат повисоки и достоинствени. Пензионерите заслужуваат огромно внимание и тоа ќе го добијат. Важно е да ги менуваме работите и тоа зависи од секој еден од вас. За секоја тема имаме решенија, и за секое прашање ќе имаме одговори и понуда, објави на Фејсбук Мицкоски.