Денеска Зоран Заев оствари официјална средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц при што премиерот изјави дека Велика Британија на Македонија и го отстапила своето столче за влез во ЕУ. “Ние сакаме да бидеме земја дел од ЕУ, а впрочем еве и Британија ни ослободи место за да можеме ние да заземеме место во ЕУ. Секако ние ќе работиме на тој пат и зависи од успешноста на нашите реформи.” По оваа скандалозна изјава Заев дури додаде дека ние веруваме во ЕУ до небо, повеќе и од самите земји членки на ЕУ.