среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Од неговите зборови ќе ви се наежи телото: Таткото на Сала скршен од болка откако дознал дека авионот е пронајден (ФОТО)

Од неговите зборови ќе ви се наежи телото: Таткото на Сала скршен од болка откако дознал дека авионот е пронајден (ФОТО)

Таткото на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, чиј авион на враќање од Нант кон Кардиф се урна во англискиот канал, бил скршен од болка откако приватните истражители објавија дека го пронашле авионот потонат во морето.

Вчеравечер беше објавено дека авионот, кој се урнал во каналот е пронајден и тоа во првиот ден од приватната истрага, откако три дена по исчезнувањето на авионот спасувачките служби од Гернзи не успеаа да најдат ниту една трага.

„Не можам да верувам. Ова е сон, ова е лош сон. Јас сум очаен“, пиштел Хорацио Сала, откако му било соопштено дека се пронајдени остатоците од авионот.

Таткото, како и целото семејство и пријателите до последен ден се надеваа дека Сала со пилотот Дејв Иботсон слетале на некое напуштено место и дека се живи.