Третиот круг во Првата македонската фудбалска лига беше отворен со еден натпревар, а истиот се играше во Кратово меѓу екипите на Силекс и Скопје.
Домашниот тим влезе како фаворит за освојување на трите бода, но гостите направија се за да го оневозможат тоа и им успеваше до 15 минути пред крајот.
Катаниќ го отвори резултатот рано во 9-та минута и најави добро попладне за кратовчани, но Скопје не се откажа и во првиот дел му беше поништен еден сомнителен гол.
Резултатот сепак се менуваше на стартот на вториот дел кога Хајдари израмни на 1:1, а овој гол беше активен до 74-та минута кога Ѓорѓиевски од втор обид погоди за 2:1. Истиот играч беше стрелец и на последниот гол во судиското продолжение за конечни 3:1.