Првата голема зимска бура шти ги зафати САД донесе интензивни врнежи од снег и смрзната лапавица на пространството од северните рамнини до Големите езера, како и закани за појави на торнада и поплави во јужните делови на земјата.
Националната метеоролошка служба предвидува обилни снежни врнежи од 2,5 до 7,5 сантиметри на час во делови на државите Небраска, Јужна Дакота и Минесота, каде се очекува да наврне и до метар снег. Врнежите се очекува да бидат проследени со невреме и грмотевици.
Прогнозите се дека снежните наноси ќе доведат до прекин во сообраќајот во некои области, додека маглата и замрзнатиот дожд ќе бидат предизвик за возачите на други места.
Предупредувања за зимска бура и мраз се објавени во и околу Минеаполис и Сент Пол во Минесота, откако замрзнат дожд проследен со обилни снежни врнежи го погоди северниот дел на сојузната држава. Во западните предградија на споените градови има метарски наноси од снег. Иако постојано службите работат, десет сантиметри снег има на пистата на меѓународниот аеродром Минеаполис-Сент Пол што придизвика откажување на повеќе од 200 летови.
Се очекува денеска студениот бран да стигне до Нова Англија, кој веќе донесе силен дожд, моќни грмотевици, град и торнада во долниот тек на реката Мисисипи, на крајбрежјето на Мексиканскиот Залив, долж течението на реката Тенеси и јужните делови на Апалачките Планини.
Предупредувања за торнадо и силни грмотевици се издадени на многу локации во јужните држави Луизијана, Мисисипи, Алабама и Џорџија, како и за поплави во јужните делови на областа.
Само во текот на последните 24 часа се пријавени осум торнада, како и десетици силни ветрови што корнеа дрвја, уриваа далноводи, оштетуваа станбени објекти.
Денешната прогноза предвидува нови обилни врнежи од снег во планините Сиера Невада, како и долж техоокеанското крајбрежје се до крајниот северозапад. Во Северна Калифорнија синоќа без напојување со електрична енергија останаа 21 илјада станбени и деловни објекти.