сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Родриго ги „поздрави“ Дрејк и Барселона по триумфот на „Бернабеу“ (ФОТО)

Родриго ги „поздрави“ Дрејк и Барселона по триумфот на „Бернабеу“ (ФОТО)

Првото сезонско „Ел Класико“ им припадна на фудбалерите на Реал Мадрид кои пред своите гледачи беа подобри од Барселона со 3-1.

Ова беше дуел во кој домаќините успеаа дури трипати да ја затресат мрежата на Тер Штеген што е фантастичен учинок ако се земе во предвид податоток дека Барселона пред овој дуел имаше примено само еден лигашки гол.

Еден од погодоците беше дело на Родриго Гоеш кој по победата се огласи на социјалните мрежи со една порака со која му фати пред се сеир на раперот Дрејк. Познато е дека Барселона играше со специјални дресови денеска, дресови посветени токму на Драјк и тоа поради соработката со „Спотифај“.

Канаѓанецот одлучи да ја загрее атомсферата пред денешниот ден, па вложи голема сума на пари за триумфи на Барса и Арсенал. Ливчето е недобитно, па Родриго одлучи да се истакне и напише кратка порака „GOD’S PLAN“.

Токму таква песна има Дрејк.