Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља исфрли навивач од својот стадион и против него поднесе пријава во полицијата поради наводно „ксенофобично и расистичко однесување“ за време на саботниот прволигашки дуел против Реал Мадрид (1-1).
Севиља во соопштението не прецизираше повеќе детали, ниту кој бил цел на расистички напад.
„Го осудуваме секое ксенофобично и расистичко однесување, дури и во изолирани случаи, каков што беше овој, и изразуваме подготвеност да соработуваме со властите на искоренување на таквото однесување“, соопшти Севиља.
Фудбалерот на Реал, Винисиус, во минатото повеќе пати беше цел на расистички навреди од противнички навивачи.