Пари Сен Жермен може да жали за пропуштената шанса да се пласира во четвертфиналето на Лигата на шампионите, но фудбалот е таков и вчерашниот меч со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ покажа колку брзо можат да се променат работите, правецот во кој може се движи еден натпревар.
Имено „светците“ имаа се во свои раце и водеа со 1-0 до 61 минута во која голманот Џанлуиџи Донарума направи потег кој скапо го плати, не се ослободи од топката на време по што падна голот за 1-1 по што енергијата сосема се промени и Реал со уште два гола дојде до триумф од 3-1 доволен за место во наредната рунда на елитното натпреварување.
Од таборот на ПСЖ се жалат и сметаат дека Донарума бил фаулиран од Карим Бензема при израмнувачкиот погодок, став кој воопшто не го дели поранешниот бразилскиот репрезентативец, Жулио Сезар.
donnarumma 😹pic.twitter.com/WQqqJosCri
— Karim (@Futball_Karim) March 9, 2022
-Ова никогаш не е фаул. Донарума се сврте кон голот, не требаше тоа да го направи, тоа се учи уште како дете. Можеше дури и да постигне автогол, -рече легендата на Интер за „Примо Видео Италија“.