петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Шилегов за партнерот на Царовска даде 100 пати повеќе отколку за еден пожарникар

И додека тие вчера се бореа со рекордни осум пожари во исто време во главниот град, Шилегов во месец март потпиша договор за набљудување со дрон на шумските површини на скопската котлина за рана детекција на растителни болести.
Шилегов за партнерот на Царовска даде 100 пати повеќе отколку за еден пожарникар

И додека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов буквално не знае да се справи со пожарите во главниот град, јавноста не заборава дека тој за партнерот на Царовска даде 100 пати повеќе пари отколку за еден пожарникар во главниот град.

И додека тие вчера се бореа со рекордни осум пожари во исто време во главниот град, Шилегов во месец март потпиша договор за набљудување со дрон на шумските површини на скопската котлина за рана детекција на растителни болести.

На 4 март Град Скопје и фирмата Флај кем од Скопје склучиле договор за набљудување со дрон на шумските површини на скопската котлина за рана детекција на растителни болести. Сопственик и управител на оваа фирма е партнерот, невенчаниот сопруг на министерката за образование Мила Царовска. Вредноста на договорот за една година е еден милион денари или 16.250 евра.

Во овој договор е утврдена поединечната цена за снимање на шумите на Скопје за еден квадратен километар (82.600 денари), но никаде во договорот го нема податокот за вкупните шумски површини на Водно, Матка, Гази Баба…

За ова и за проценката на министерката Царовска и градоначалникот Петре Шилегов, двајцата високи функционери од СДСМ, дали има конфликт на интереси или кршење на некои основни етички норми, ги очекуваме одговорите од нивните кабинети.

Инаку, и порано фирмата Флај кем снимала за потребите на државни институции. Во април 2018 година оваа фирма имала договор со АД МЕПСО за обезбедување на „специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонреден преглед на ДВ“ во вредност од 779.980 денари.

Флај кем изминатите години работела и за Општина Куманово и имала уште еден договор за Град Скопје. Во март 2018 година Флај кем продал дрон за 129.800 денари на општина Куманово. Интересен е и договорт на Флеј кем во 2019 година за снимање со дрон за потребите на кумановската градинка „Ангел Шајче“ (2х35.000 денари).

Мила Царовска од 1 јуни 2017 година до 3 јануари 2020 година беше министерка за труд и социјална политика во првиот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. На 3 јануари 2020 година е избрана за заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори во преодната Влада, функција која ја извршува до 30 август 2020 година. Од тогаш Царовска ја извршува функцијата министерка за образование и наука во вториот мандат на Владата предводена од Заев.