понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Стаменковска: Благодарение на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Македонија е подготвена да започне преговори со ЕУ

Стаменковска: Благодарение на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Македонија е подготвена да започне преговори со ЕУ

Стратегијата за интеграција на Република Македонија во ЕУ ги поставува основните цели, насоки и приоритети на процесот на стекнување на членство во ЕУ, вели Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Стремежот да стане членка на ЕУ е поткрепен од фактот дека Република Македонија е европска држава која историски, културно и цивилизациски и припаѓа на Европа. Со своето зачленување во ЕУ ќе придонесе за ширење на просторот на мир и стабилност на континентот. Исто така со нејзиниот воспоставен систем на демократски вредности го почитува системот на вредности врз кои се заснова ЕУ. Огромното мнозинство на македонски граѓани го поддржува пристапувањето на Македонија кон ЕУ за што постои и политички консензус. Целта на Македонија е на краткорочен план за време на бугарското претседателство да ги започне преговорите за членство. Членството на Македонија е еден стратешки интерес и како релативно мала земја во развој без излез на море Македонија е упатена на отвореност и соработка со седените земји, земјите на блискиот и поширокиот регион, потенцира Стаменковска.

Таа вели дека од политички и општествен интерес за Македонија е да го јакне поврзувањето и партнерството врз основа врз заемен интерес.

-Истовремено стабилноста и просперитетот на Македонија како крстосница во Европа се од големо значење за ЕУ. Како мултиетничка заедница Македонија својата перспектива ја наоѓа во јакнењето на едно демократско цивилно општество кое не може да остане затворено во своите тесни граници. Оттаму идеите на единство, социјална вклученост и на се посилната меѓусебна поврзаност во рамките на ЕУ се цели кои се својствени за македонското општество и кои ги споредуваме во Македонија, истакна Стаменковска.