На 18.10.2022 во 13.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Струга, патничко возило „мазда“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(60) од Струга, удрило во велосипед, управуван од С.М.(81) од с.Мислешево, струшко, информира МВР.
Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Струга.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.