четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Тинејџерка го изведе трикот 720 на скејтборд и влезе во историјата

Тинејџерка го изведе трикот 720 на скејтборд и влезе во историјата

Австралиската скејтбордерка Ариса Тру постигна голем успех во кариерата и влезе во историјата.

Тру стана првата жена која на натпреварување го изведе трикот 720, кој вклучува две целосни ротации во воздухот.

Тринаесетгодишната Ариса го изведе трикот пред публика во Јута.

Нејзиниот тренер Тревор Вард изјави дека легендарниот скејтбордер Тони Хок, кој го измислил трикот пред 35 години, ѝ дал одлични совети на Ариса пред натпреварот, а таа очигледно ги усвоила и на крајот го изведе импресивниот трик пред публиката.