Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски е јунакот на Палермо во синоќешната победа на гостувањето кај Фоџа со 2:1.
Трајковски најпрво му асистираше на Салви во 54.минута за изедначување, а осум минути потоа и самиот тој се запиша во листата на стрелците со удар од 20-ина метри.
Вториот македонски репрезентативец во дресот на Палермо, Илија Несторовски, во игра влезе од клупата за резерви во самиот финиш од средбата.
Палермо по три рунди во Серија Б е на 5.место со една победа и два нерешени натпревара.