среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Александар Трајковски пред трансфер во Хајдук Сплит

Александар Трајковски пред трансфер во Хајдук Сплит

Александар Трајковски наскоро би требало да стане нов играч на Хајдук, пишуваат италијански Calciomercato и Tuttomercato.

Според медиумите, Трајковски имал понуди од Динамо и Хајдук, но македонскиот фудбалер го избрал сплитскиот клуб и наскоро таму ќе биде на лекарски преглед и ќе потпише договор.

Трајковски во Хајдук пристигнува како слободен играч откако летово му истече договорот со Ал-Фајх од Саудиска Арабија.

Трајковски и претходно во кариерата настапуваше во Хрватска, поточно во екипата на Интер Запрешиќ.