Македонскиотфудбалски репрезентативец, Александар Трајковски официјално го реши најважното прашање, клупскиот статус и тоа со потпис за една од најдобрите хрватски екипи-Хајдук.
Трајковски беше слободен фудбалер откако ја заврши приказната со Ал-Феjхa од Саудиска Арабија, доста време беше во потрага по нов клуб, потрага која заврши со трансфер во Сплит.
– Прекрасно е чувството да се дојде во Хајдук, се помина добро и едвај чекам да се приклучам на тимот и да почнам со тренинзи. Го познавам ХНЛ, играв овде пред 13 години, сега се вратив и среќен сум што повторно ќе играм таму во голем клуб. Имам големо искуство, поминав низ неколку силни лиги, многу настапи за репрезентацијата и се надевам дека ќе придонесам за Хајдук и за целите кои клубот ги има зацртано. Добро го познавам Хајдук, имаме навистина добар тим, сите знаат што значи овој клуб и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, -порача Алекс кој потпиша договор до 2025 година со опција за уште една сезона.