вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

18-годишно момче со церебрална парализа е најмладиот пациент што се бори за живот од ковид во ГОБ „8 Септември“

18-годишно момче со церебрална парализа е најмладиот пациент што се бори за живот од ковид во ГОБ „8 Септември“

Осумнаесетгодишно момче со церебрална парализа е најмладиот пациент што се бори за живот во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“.

Сега е интензивна нега, но во стабилна состојба. За разлика од претходно, во четвртиот бран помлади завршуваат во болница вели за Канал 5 Директорот на ГОБ „Осми септември“ Христијан Костов кој додава дека болеста сега уште побрзо прогресира, па може да се влоши за час.

Во „Осми септември“ за три недели имало 20 хоспитализации и на вакцинирани, но сите имале лесна или средна клиничка слика, а нема ниту еден што ја загубил битката. Тука во моментов има 75 пациенти, а деновиве ќе се отвори нов оддел со уште дваесет легла.

Најнови вести