петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

74 адвокати со апел до Владата: Кривичен суд врши дискриминација и не постапува согласно одредбите во вонредна состојба!

74 адвокати со апел до Владата: Кривичен суд врши дискриминација и не постапува согласно одредбите во вонредна состојба!

74 адвокати проследија заедничко Известување за вршење на дискриминација во однос на останатите граѓани во услови на постоење на вонредна состојба и непостапување согласно здравствените прописи и одлуките на Владата на Македонија за време на епидемија од страна на Основниот Кривичен Суд Скопје, со предлог мерки за понатамошниот тек на судењата.

Во дописот тие велат: „Во овие моменти кога во Македонија е прогласена вонредна состојба и сечие движење и комуникација се доведени до минимум со цел спречување на ширење на коронавирусот и превенирање на било какви несакани последици, чувствуваме должност да ве известиме за противправното и дискриминирачко постапување на Кривичниот Суд Скопје и предлагаме мерки за натамошниот тек на судењата.“

Следува интегралниот допис на 74 адвокати упатен до:  Судски совет на Македонија, Врховен суд на Македониј, Технички премиер на Владата  – Оливер Спасовски, Министер за правда – Рената Десковска, Министер за здравство – Венко Филипче и Министер за внатрешни работи –Наќе Чулев. Иницијативата е упатена и до сите Амбасади во Република Македонија.

-Почитувани, Во ова писмо, изнесуваме три основи заради кои сметаме дека Основниот Кривичен Суд Скопје, врши директна повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот во Скопје, во рамки на Кривичниот Суд со предлог како да се надмине состојбата со судските рочишта, бидејќи здравјето треба да биде наш заеднички приоритет.

  1. Со Одлуката за мерките за спречување на внесувањето и ширењето на коронавирусот Сovid-19 со која сите нејзини мерки добиваат правна основа за нивно спроведување донесена од страна на Владата на Македонија на ден 13.03.2020 година, се усвоија голем број на предложени мерки чија цел има да изврши превенција од ширење на вирусот и заштита на граѓаните на Македонија.

Оваа Одлука содржи мерки како што се забрана за одржување на јавни и приватни собири за сите државни установи и институции, без оглед на обемот и бројот на учесници, воведување на скратено работно време за многу објекти каде има голем обрт на луѓе со обврска за задржување на минимум неопходно растојание од најмалку метар и половина до два метри, за луѓето кои престојуваат во овие објекти и други мерки.

Притоа, важно е да се напомене дека судовите, односно судските сали и простории не се исклучок од ова правило, каде на дневно ниво се остварува висока фреквенција на посетеност од страна на лица од различни старосни групи. Заради тоа, повикувајќи се на забраната за истовремено присуство на повеќе од 5 лица на отворен простор, во конкретниот случај се врши директна повреда на мерките од Владата од страна на Основниот кривичниот Суд, со оглед дека не постојат основни услови за придружување кон препораките издадени од Владата.

Многумина од нас покрај клиентите во овие предмети имаме и 2 континуиран контакт и со други клиенти, така што ги изложуваме на ризик и клиентите и нивните семејства, но и нас самите и нашите семејства. Понатаму, противправното и дискриминирачко постапување од страна на Основниот Кривичен Суд Скопје се гледа и во различниот третман кој се применува од страна на останатите судови на територија на Македонија.

Доколку се анализира Известувањето кое го објавил Кривичниот суд, во врска со рочиштата кои треба да се одржат во Кривичниот Суд Скопје, ќе се забележи дека се работи за вкупно 308 рочишта меѓу кои има предмети со по 10, 15, 20 и повеќе обвинети кои на истите присуствуваат со еден или повеќе бранители, што претставува голем број на лица во простории кои не се соодветно опремени, доволно пространи и за кои постојат сомнежи дали и како се дезинфицирани со потребните средства.

Имено, судниците ќе бидат посетени од најмалку 200 лица во еден ден и најмалку од 20 лица во една судница истовремено. Оттука, станува збор за постапување кое е во директна спортивност со мерките на Владата. Мерките на владата не се однесуват само на заболените, но и на неззболените на кои им се наложува соодветен начин на однесување, движење, престој и комуникација со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

  1. Во својата изјава во однос на појаснувањето за ефектите на вонредната состојба, Министерката за правда г-ѓа Рената Дескоска изјави дека ниту едно ограничување на слободите и правата не смее да биде дискриминаторско по пол, раса, боја на кожа, вера, јазик, национално или социјално потекло, општествена или имотна состојба и истото не смее да се однесува на ограничување на правото на живот.

Очигледно е дека постапувањето од страна на Кривичниот суд упатува на спротивното, односно се врши директна дискриминација врз нас како бранители и директно се загрозува нашето право на живот, кое пак е директно поврзано и со правата на живот на нашите семејства, односно постои неоправдан ризик по здравјето и животот на сите странки во постапките, нивните бранители и вработените во Судот.

Заради таа цел, бараме правото на живот за нас и нашите клиенти да биде третирано со еднаков третман како и за останатите граѓани на Македонија, како што тоа го налага член 9 од Уставот на Македонија.

 

  1. Правото на живот е едно од основните и неприкосновени права на секој човек, кое освен со националното законодавство, се штити и со меѓународните конвенции на човекови права, како што е Европската Конвенција за човекови права (понатаму: ЕКЧП) која во член 2 предвидува дека правото на живот на секој човек е заштитено со закон.

Иако досега Европскиот Суд за човекови права во Стразбур (понатаму: ЕСЧП) нема развиено судска пракса за тоа како државите треба да постапуваат во случај на прогласена пандемија, постојат пресуди кои ја конкретизираат содржината на членот 2, каде Судот разгледувал предмети во кои странките се пожалиле дека нивниот живот бил изложен на ризик. Во предметот R.R and Others v. Hungary (пара. 26-32) апликантите се 3 пожалиле дека биле исклучени од програма за заштитени сведоци, додека во предметот Selahattin Demirtaş v. Turkey (пара. 30-36) апликантот се пожалил дека со објава на неговото име во весник, животот му бил доведен во ризик. Судот забележал дека ЕСЧП бара од државата не само да се воздржи од умислено или незаконско одземање на живот, туку и дека државата има обврска да преземе соодветни чекори за да ги заштити животите на оние кои се под нејзина јурисдиција (исто и во случајот L.C.B. v. the United Kingdom, пара.36).

Толкувањето на оваа забелешка оди во насока дека истото не треба да наметне невозможен или диспропорционален товар за властите, но е релевантно да се утврди дали властите знаеле или не знаеле дека во предметното време кога постоел вистински и директен ризик по правото на живот на една индицидуа или индивидуи, истите не презеле мерки во рамки на нивните овластувања, што кога основано би се проценило, може да било очекувано да го направат за да се спречи тој ризик (R.R and Others v. Hungary, пара. 29).

Оттука, Кривичниот Суд во Македонија е обврзан да утврди дали има услови за одржување на главна расправа непрекинато по неколку часови дневно во затворена судска сала, каде бранителот/ бранителите е/се во непосредна комуникација со обвинетот/ обвинетите, без притоа ваквите услови да не создадат директен ризик по правото на животот на бранителот/ бранителите, особено за повозрасните кои се во ризична група да бидат разболени, што може да доведе и до смртни последици.

Воедно, во случај да се одлучи сепак да се одржи главна расправа, во тој случај како бранители ќе бидеме третирани со различен третман споредено со други бранители, со оглед на тоа дека ние сме ангажирани како бранители за обвинето лице за кое е обезбедена мерка на присуство. Со ова се врши дискриминација на член 14 од ЕКЧП и Протокол 12 кон ЕКЧП, бидејќи на овој начин ние како бранители сме обврзани да пружиме одбрана на нашиот клиент, иако водењето на кривичната постапка би имало легитимна цел наведена во член 32 од Казнениот Законик, со што не постои пропорционалност помеѓу употребените средства и целта која треба да се постигне (Burden v. UK, пара. 60).

Притоа, согласно праксата на ЕСЧП, за утврдување дали различниот третман е сразмерен, ЕСЧП предвидува дека мора да постојат докази дека не постои друго средство со кое би се постигнала истата цел, односно неповолната ситуација која била предизвикана да претставува најмало можно ниво на штета потребно за да се постигне саканата цел. Во конкретниот случај, остварувањето на правдата, како и генералната и специјалната превенција како легитимни цели, може да се постигнат исто и преку водење на постапки кои би продолжиле откако ќе престане пандемијата.

Во оваа прилика сакаме да истакнеме дека скоро сите рочишта во изминативе 10 дена се одлагаат поради отсуство на странките во постапката заради почитување на мерките на Владата, но за жал поголем број на лица доаѓаат на судските рочишта само да се констатира дека се одлага рочиштето, со што повторно сме изложени на ризик. 4 Со оглед на горенаведеното во овој момент и под овие околности кои директно задираат по здравјето на сите граѓани на Македонија, бараме од Вас, а согласно вашите ингеренции, да придонесете итно да се преиспита одлуката на Претседателот на Кривичниот суд Скопје за продолжување на 308 судења. Во моментот не постојат услови за организирање на главна расправа кои овозможуваат да се избегне директниот ризик врз правото на живот на бранителите, осомничените и вработените во Судот, ценејќи ги нивната возраст и здравствена состојба.

Дополнително, земајќи ја во предвид и ситуацијата со првиот смртен случај од коронавирусот во Македонија каде пациентот по приемот бил два пати тестиран и тестот покажал негативен резултат, го отвора прашањето дали може да се верува дека сите лица кои ќе присуствуваат на судењата, а ќе имаат негативен резултат на евентуално теститрање од вирусот, се навистина негативни на истиот.

Оттука, ризикот по животот на сите присутни е неизбежен и директен и во овие моменти здравјето на граѓаните треба да биде пред се, заради што бараме само да се постапува согласно препораките на Владата и според здравствени прописи за време на епидемија од страна на Кривичниот Суд, поради што ги предлагаме надлежните органи итно да ги донесат следниве дополнители мерки:

  1. Сите постапки во судовите привремено да се прекинат, а единствено да се држат рочишта каде по барање на надлежен обвинител треба да се одлучи за определување на мерка притвор, како и за оние случаи каде е утврдена кривична одговорност поради повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот за кои се постапува по казнен налог за што одлуките се носат без присуство на странките;
  1. За предметите за кои ќе настане времен прекин во судењето, да се донесе уредба со законска сила која ќе го прекине течењето на роковите со тоа што нема да може да настане застареност на предметите или други негативни реперкусии, вклучително и со протек на 90 дена да не мора главната расправа да започне одново а ниту сите докази да се изведуваат повторно, туку истата да продолжи како да немало прекин.
  1. По завршување на секое рочиште да се врши соодветна дезинфекција на салите каде ќе се одвива судско рочиште, да се дезинфицираат лифтовите и сите простории во кои ќе се движат странки, вклучително рачките на вратите и други површини кои често се изложени на допир на повеќе лица, како и да се мери температура на сите лица кои влегуваат во судот од службениот и сите неслужбени влезови;
  1. Министерството за правда или судовите за секое лице кое ќе влези во судот да обезбедат заштитна маска и нараквици, со оглед дека мерките на Владата не се однесуваат само на заболените лица туку и за тие кои не се заболени, кои се обврзани да следат соодветен начин на водење на комуникација, движење и престој во одредени простории; и Неопходно е итно да се превземат дополнителни мерки и донесат соодветни одлуки, во спротивно се остварува законското битие на кривичното дело против здравјето на луѓето, пренесување на заразни болести или непостапување според 5 здраствените прописи за време на епидемија т.е прогласена вондредна состојба на територија на нашата држава. Со неносењето на ваков тип на мерки во услови кога СЗО прогласи пандемија а Претседателот Пендаровски вондредна состојба поради корона вирусот, судот како државен орган врши повреда на правото на животот заштитен со член 2 од Европската конвенција за човековите права на нас адвокатите, но и на сите присутни во салата но и директно го прекршува Кривичниот законик.

Почитувани, Ве замолуваме да го земете во превид овој наш последен апел како бранители и да ги прифатите нашите барања, бидејќи во спротивно ќе бидеме приморани да преземаме порадикални мерки со една единствена цел, да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите семејства. Ви благодариме на вниманието.

Со почит,

  1. адвокат Атанасовска Нина
  2. адвокат Ахмети Башким
  3. адвокат Ајдари Имери-Арта
  4. адвокат Арсовска Благица
  5. адвокат Апостолски Антонио
  6. адвокат Арслани Мефаил
  7. адвокат Алексиќ Сања
  8. адвокат Бадева-Ќортошева Надица
  9. адвокат Богоевиќ Ивана
  10. адвокат Вела Ибрахим
  11. адвокат Василев Петар
  12. адвокат Варела Александар
  13. адвокат Велкова Љупка
  14. адвокат Вујич Смиљана
  15. адвокат Димитар Дангов
  16. адвокат Давидовиќ Звонко
  17. адвокат Даути Мерџан
  18. адвокат Златко Ѓорѓиев
  19. адвокат Деноковска Златка
  20. адвокат Деспотоска Весна
  21. адвокат Дуковски Сашко
  22. адвокат Зенку Вулнет
  23. адвокат Зефиќ Павлина
  24. адвокат Зиков Стерјо
  25. адвокат Илија Илијовски
  26. адвокат Јусуфи Махмут
  27. адвокат Јанковски Душко
  28. адвокат Јанев Сашо
  29. адвокат Јандриоска Биљана
  30. адвокат Јацимович Лидија
  31. адвокат Кацарковска Биљана
  32. адвокат Кецман Маја
  33. адвокат Сашо Лажовски
  34. адвокат Лазов Дане
  35. адвокат Мехмети Арсим
  36. адвокат Маневска Кристина
  37. адвокат Менкиновски Тони
  38. адвокат Мијовиќ Дијана
  39. адвокат Мицкова Емилија
  40. адвокат Миланов Еленко
  41. адвокат Миланова Бранкица
  42. адвокат Муратовски Дарко
  43. адвокат Муса Рамије
  44. адвокат Наков Донче
  45. адвокат Наумовска Флора
  46. адвокат Николиќ Вања
  47. адвокат Петровски Миле
  48. адвокат Петровски Александар
  49. адвокат Панчев Сашко
  50. адвокат Постолова Тодосиевски Марија
  51. адвокат Петкова Катерина
  52. адвокат Ристоски Велковска Христина
  53. адвокат Ристевски Звонко
  54. адвокат Реброња Радончиќ Емина
  55. адвокат Сулоја Вулнет
  56. адвокат Страшевски Јовица
  57. адвокат Сарковски Томислав
  58. адвокат Тасевски Боро
  59. адвокат Ташкова Дијана
  60. адвокат Тодоровски Илин
  61. адвокат Тошковски Панче
  62. адвокат Трајанов Милан
  63. адвокат Трпковска Даница
  64. адвокат Тасева Александра
  65. адвокат Трпеноска Наташа
  66. адвокат Фазлиу Исмаил
  67. адвокат Хикмете Халиди
  68. адвокат Христовска Марија
  69. адвокат Хисмани Дрион
  70. адвокат Цветковски Виктор
  71. адвокат Љупчо Шврговски
  72. адвокат Шулевска Марија
  73. адвокат Шаревска Ана
  74. адвокат Шпеткова Богеска Емилија

 

Најнови вести