вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ахмети: Албанците се 29,5% во општата популација и 24,3% во резидентното население, им честитам на сите!

Ахмети: Албанците се 29,5% во општата популација и 24,3% во резидентното население, им честитам на сите!

Денес, Република Северна Македонија по 20 години има појасен увид во однос на вкупното население и процентот на заедниците во државата, напиша на својот Фејсбук, лидерот на ДУИ Али Ахмети, откако јавно беа објавени резултатите од страна на ДЗС, од Пописот 2021 година.

-Албанците се 29,5% во општата популација и 24,3% во резидентното население, додека во градот Скопје 22,8% (од 20,04% во 2002 година).Им честитам на сите институции кои се вклучија и помогнаа Регистрацијата како процес кој започна во март минатата година со дијаспората од земјава кој заврши во септември со регистрирање на населението во државата, процес и предизвик не е лесен, но успеавме да го завршиме со успех, напиша Ахмети.

Најнови вести