вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ахмети: Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ за да се изгласаат уставните измени, јавно кажаа дека не прифаќаат бугарски диктат!

Ахмети: Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ за да се изгласаат уставните измени, јавно кажаа дека не прифаќаат бугарски диктат!

Првично не се согласуваше Зоран Заев и потоа кога се договоривме за да се укине договорот со СДСМ затоа што СДСМ првично се повлече. Кога се договоривме со СДСМ се повлече ВМРО-ДПМНЕ, се повлече Христијан Мицкоски од измената на Кривичниот законик и ова беше големо изненадување. Ова го истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ21.

-Имало десетици средби во клубот на пратеници за измена на овој законик и да се усогласи со европските стандарди. Во тие средби имало работни групи. Средбите се остварени на многу таен начин помеѓу Зоран Заев, Никола Груевски и мене. Сме разговарале со часови и денови. Дојдовме до момент каде се согласивме сите и на крај се повлече ВМРО-ДПМНЕ, истакна Ахмети.

Новинарот кој го водеше интервјуто праша: „Острата реакција на јавноста беше зошто сега, толкувањето е дека има договор со ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени. Дали е ова вистина“?

-Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ за да се изгласаат уставните измени. ВМРО го искажа јавно својот став дека нема да ги изгласа уставните измени под бугарски диктат. Ние овде имаме огромни разлики, ова е многу жешка тема, тема која бара многу поконцентриран пристап. Ние овде се разликуваме многу со ВМРО-ДПМНЕ, порача Ахмети.

Најнови вести