Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, свика седница на Централното Претседателство на партијата.
Како што најавуваат од партијата седницата ќе се одржи денес, со почеток во 13:00 часот во партиското седиште во Тетово.
-На седницата треба да се разгледаат предлозите за делегати на четвртиот изборен конгрес на ДУИ како и идните партиски тела, но и идните програмски определби и статутарни промени, соопштуваат од партијата.