Договорите не се направени за да се укинат според моментални желби. Ништо нема, ниту е разговарано и оспорувано прашањето за договорот, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за „Слободен печат“ вели дека не може да отпадне договорот на ДУИ за „100 дена Албанец премиер пред парламентарните избори“, доколку Зоран Заев ја реализира оставката.
– Договорите не се направени за да се укинат според моментални желби. Ништо нема, ниту е разговарано и оспорувано прашањето за договорот. Но, ние зборуваме за следните чекори како да се надмине оваа емотивна одлука на Зоран Заев и ќе работиме заедно за да најдеме најодржливи решенија. Имаме пишана и документирана спогодба. На заедничката конференција со Зоран Заев ова прашање беше потврдено усно, но и во заедничката интерна изјава што се потпишува меѓу партиите. Но, тоа го потврдивме и на прес-конференција, а на новинарското прашање не одговорив, туку му се обратив на Зоран Заев, и тој одговараше за ова прашање. Дебатата е повеќе дневно-политичка, отколку суштинска – изјави Ахмети.