вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Али Ахмети повторно за свои средби ја користи државната канцеларија на Артан Груби

Али Ахмети повторно за свои средби ја користи државната канцеларија на Артан Груби

Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и овој пат не забележала злоупотреба на просториите на јавните институции за партиски средби. Локација за таков настан повторно беше кабинетот на вицепремиерот Артан Груби. Таму лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сретна со поранешниот пратеник на Доналд Трамп за дијалог меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, пренесува Алсат.

Претходно, вицепремиерката Грковска упати предупредување до Груби, но се чини, без ефект.

Веднаш штом случајот стигна во Кабинетот беа преземени активности за да се утврди дали има прекршувања на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и јавните службеници назначени или избрани од Владата. Потврдено е дека Етичкиот кодекс е прекршен, за што г-н Груби е опоменат“, наведе Грковска.

Антикорупциската комисија постојано констатира дека Артан Груби ги користи службените простории на министерството за партиски состаноци. Исто така и Алсат постојано известува за злоупотреба на државни ресурси од страна на Груби за партиски цели.

Најнови вести