Премиерот Зоран Зеав за време на неговиот говорот во Собранието изрази подготвеност да прости за случувањата од 27 април, и покрај фактот како што тој кажа, ова има цена и тој е подготвен да ја плати таа цена за иднината на државата и генерациите кои доаѓаат.
На говорот на премиерот каде што понуди помирување за 27 април реагираа од Алијанса за Албанците, каде што нивниот лидер Зијадин Села, ноќта на 27 април беше речиси “мртов“ за време на насилното влегување во парламентот.
Флакрон Беџети од Алијанса за Албанците за новинската агенција на албански јазик „Журнал“, вели дека премиерот не може да биде над иституциите и да нуди простување за 27 април. Тој вели дека Зеав е премиер на државата, а не нејзин цар.
– Не знам дали премиерот има некој проблем или лично или семејно недоразбирање со 27 април што ја подава раката за помирување. Ако зборот му е за случувањата од 27 април во Собранието, тој не е над институциите, на правдата, тој е избран премиер на државата а не нејзин цар, потенцираа за новинската агенција „Журнал“ од Алијанса за Албанците.