петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американска амбасада: С. Македонија и Албанија ги задоволија условите за преговори со ЕУ

Американска амбасада: С. Македонија и Албанија ги задоволија условите за преговори со ЕУ

Амбасада на САД: Северна Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро.

Северна Македонија и Албанија ги задоволија условите за почеток на преговорите, двете земји работат напорно за имплементација на потребните реформи и затоа заслужуваат да одржат меѓувладини конференции со ЕУ што поскоро, велат за МИА од Амбасадата на САД во Скопје.

Одговорот дојде по барање за реакција од САД на отворањетоа на клубот „Ванчо Михајлов”, осведочен негатор на македонската нација и соработник на нацистичка Германија.

Во врска со ова, САД повикаа на брзо решавање на билатералниот спор меѓу двете земји.

– Продолжуваме со повикот до Бугарија и Северна Македонија да го решат овој билатерален спор, се вели во одговорот од Амбасадата.

На прашањето што прави официјален Вашингтон за да се убеди Софија да ја подигне блокадата за интеграција на земјава во ЕУ, од Амбасадата рекоа дека Северна Македонија и Албанија ги задоволуваат условите за почеток на преговорите. И од Стејт департментот вчера укажаа дека САД даваат силна поддршка за влез на С. Македонија во ЕУ.

Најнови вести