сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андонов: Мицкоски се бореше со неспособноста на владата на Заев кој е подготвен да биде безкомпромисен за пари

Андонов: Мицкоски се бореше со неспособноста на владата на Заев кој е подготвен да биде безкомпромисен за пари

Универзитетскиот професор Оливер Андонов смета дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски направил прагматична одлука за одење на избори на 15 јули, а со цел поскоро справување, пред се во здравствената криза, бидејќи како што вели СДСМ не покажале капацитет.

Професорот смета дека Мицкоски изминатиов период морал да се бори со неспособноста на Владата на Заев и затоа неговите потези и одлуки се исправни.

-Сметам дека колегата Мицкоски како иден премиер всушност цело време се бореше со неспособноста на владата на Заев да се справи со пандемијата и кризата, но дека последната ескалација на бројот на заболени и со тоа и ескалација на кризата го натера на една чисто прагматична одлука. Одењето на избори на 15-ти Јули е всушност прагматична одлука на колегата Мицкоски мотивирана од фактот кој како чисто сознание врз емпириска основа го доби, а тоа е дека владата на СДС колку и да добива време и поддршка од страна на ВМРО-ДПМНЕ за да успешно се справи со здравствената криза не е во состојба тоа да го направи поради својата неспособност. Затоа и сметам дека гаранциите кои СДС и Заев ќе ги дадат не се искрени, што се покажа и преку коментарот на претседателот на ДИК во врска со протоколите и дека на крајот повторно ВМРО-ДПМНЕ преку ДИК или директно во владата ќе мора да се обиде да влијае врз воспоставување на протоколите за безбедно гласање за кои нели Заев даде гаранции. Впрочем знаеме од лично искуство колку вредат гаранциите на Заев. Јас тука ја гледам мотивираноста на колегата Мицкоски за сега веќе извесното и брзо излегување на избори, а со цел да се порази оваа неспособна и лажлива, манипулативна власт на СДС и Заев, а потоа новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да со полн капацитет ја преземе одговорноста за справување со здравствената криза, вели професорот Андонов за Курир.

Андонов посочува дека одговорноста за последиците кои ќе настанат е врз СДСМ, но како и секогаш одговорноста за нивната неспособност ќе мора да ја решава ВМРО-ДПМНЕ, а заради заштита на здравјето на граѓаните.

Според него, потезите на Мицкоски не се политичка тактика заради надмудрување на противникот, туку  проценка на континуираната неспособност на владата на СДС за справување со кризата. Токму тоа , вели Андонов, согледувајќи го претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се реши да со минимални услови на заштита на граѓаните тргне во избори.

-Резултатите се видливи и ќе бидат видливи на 15-ти јули преку очекувана победа на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи истите треба да ги испорачаат граѓаните на кои им е се многу одамна јасно кога се работи за политиките на Заев, дециден е професорот.

Во однос на честите менувања на бетонираните ставови кои ги има претседателот на СДСМ, Зоран Заев, Андонов вели дека и за клучните прашања од национален интерес Заев свитка кичма и згазна и плукна врз својата клетва и својот збор во се она во што се колнеше пред изборите во 2016 година (односно ги лажеше македонските граѓани без срам).

-Како тогаш може да бараме од него став и тоа цврст, аргументиран и непроменлив за едно прашање како што е датум за избори? Како и секогаш Заев водеше политика како на Кванташки пазар (купи-продај), но овој пат со здравјето на граѓаните, а при тоа својата неспособност и неспособноста на политиките и кадарот на СДС ги криеше час зад „проблемот“ опозиција, час зад „економијата“ од која тој и неговите фирми најмногу заработија во кризата, а час врз внатре партиските пресметки кои тој самиот ги иницираше и ги води во СДС. Затоа сметам дека врз Заев чии психолошки профил ни е многу јасен, ништо не се одразува поврзано со промена на „бетонираните ставови“, тој нема ментална сопирачка или граница поврзана со ставови и вреднсоти за кои нема преговарање или поместување на позициите. Единствено за што е подготвен да биде безкомпромисен се парите, среброљубието за кое се би дал, но од него не би отстапил. Кај него се одразува и секогаш ќе се одразува неговата клептократија како стил на владеење и живеење. Всушност Заев има најголем страв од губење на изборите поради губењето на можноста да се самофинансира и да ја финансира неговата олигархија од државни пари, пари на граѓаните, на сите нас и второ врз него се одразува стравот дека ќе треба да одговара за сите недела кои ги стори врз Македонија и македонскиот народ и граѓаните, заклучува универзитетскиот професор.

Најнови вести