Д-р Нико Беќаровски во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за КОВИД-19 и рече дека кај нас во државата сеуште нема водич за лечење од овој вирус.
-Јас сеуште не сум видел ниту еден водич за лечење од КОВИД-19. Разговарав со голем дел од матичните лекари врз основа на што се проценува кој, каде понатаму ќе се упати. Во сите болници мора да има исти стандарди, исти протоколи за лечење и тие протоколи барем еднаш месечно треба да се ревидираат. Секој ден се појавуваа нови лекови, дел од нив ќе се вклучат и нашите експерти ќе оценат дека треба, дел ќе речат би било убаво меѓутоа финансиски оваа држава не може да го покрие, а дел ќе ги отфрлиме. И тука мора да имаме наша научна мисла виролози, епидемиолози,интернисти, хематолози кои што ќе седнат и ќе кажат на Инфективна клиника идат пациенти со таа клиничка слика, со тие лабараториски налози, рече д-р Беќаровски.