Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство и со 10.000 евра ја казни поранешната директорка на Кожната клиника Нина Цаца Биљановска порaди пренесување на заразна болест.
Скопското обвинителство ова го потврди за ТВ Алсат, а докторката казната ја доби бидејќи наместо да оди во самоизолација по враќање од пат од Италија, таа одеше на работа, по што целата кожна клиника беше оневозможена да работи.
Ова е првостепена пресуда и Биљановска има право на жалба.